Донирано ново санитетско возило за Општата болница во Кавадарци
Општата болница во Кавадарци доби ново санитетско возило со комплетна медицинска опрема, донација од кавадаречката компанија „ИГМ”, вредна 33 илјади евра.
Директорот на болницата, Диме Коцев се заблагодари за донацијата. - Ова ново возило е од огромна важност за животот на пациентите кои треба брзо, меѓутоа и безбедно да бидат транспортирани по потреба, до било која медицинска установа во нашата држава, нагласи Коцев.
Тој најави уште една донација од истата компанија, а тоа е комплетно оградување на дворот на болницата во должина од над 1.000 метри, со бетонски постаменти на челична ограда, заедно со изградба на нов модерен влез во болницата.
- Оваа инвестиција ќе изнесува некаде околу 70 илјади евра, така што вкупната донација заедно со ова возило ќе ја надмине сумата од 100 илјади евра. Со тоа, компанијата на чело со Илија Гечев станува практично амбасадор на нашата болница во бизнис заедницата, додаде Коцев.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци