Розенстајн: Не гледам причина да го отпуштам Малер
Американскиот заменик-министер за правосудство Род Розенстајн изјави во Конгресот дека не гледа никаква причина за смена на специјалниот обвинител Роберт Малер, кој ја предводи истрагата за можни врски на изборниот штаб на Доналд Трамп со Русија, за време на изборите 2016 година.
Розенстајн сведочеше пред Комисијата за првосудство на Претставничкиот дом на Конгресот, еден ден откако без објавени стотина текстуални пораки, кои ги разменувале двајцата припадници на ФБИ од тимот истражители на Малер.
Тие пораки го покажуваат нивниот критички став кон Трамп, поради што некои го доведуваат во прашање непартискиот карактер на агенцијата за спроведување на законот.
Розенстајн, кој го постави Малер на чело на истрагата и ја надгледува работата на неговиот тим, истакна дека не гледа причина да го отпушти Малер, а на прашањето што би направил доколку добие таков налог, тој реќе дека би ги следел правилата.
- Ако постои добра причина, би реагирал, ако нема добра причина, не би реагирал, рече Малер.
Прашањата за интегритетот на истрагата на специјалниот обвинител се појавија откако агентот на ФБИ за контраразузнавање Питер Стрзок, отпуштен од тимот на Малер после објавувањето на пораките кои ги разменувал со Лиза Пејџ, правничка во ФБИ, која оваа година беше избрана во тимот агенти и обвинители кои го истражуваат руското мешање во изборите.
Трамп и републиканските пратеници оценија дека ова откритија покажува дека ФБИ е пристрасен и сугерираат дека не може да се верува на заклочоците на тимот на Малер.
Меѓу 375 пораки објавени во вторникот, се и оние од 4 март 2016 година, во кои Пејџ го опиша Трамп како „грозно човечко суштество“, а Стрзок и одговорил дека тој може да победи. Кога Стрзок прашал дали мисли дека Трамп би бил полош претседател од републиканецот Тед Круз, Пејџ одговорила: Да, мислам така. Тие двајца размениле пораки и за демократските функционери, вклучувајќи го претседателскиот кандидат Берни Сандерс и поранешниот секретар за правосудство Ерик Холдер.
Генералниот инспектор во Министерството за правда ги испитува овие пораки во рамки на пошироката истрага за тоа како ФБИ ја водел истрагата за употребата на приватниот сервер на Хилари Клинтон и врската на штабот на Трамп со Москва.
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина