САД и Канада ќе организираат средба за севернокорејската криза
Канада и САД ќе организираат средба за кризата со Северна Кореја на која ќе учествуваат повеќе држави сојузнички на Јужна Кореја.
Средбата е предвидена за средината на јануари во канадскиот град Ванкувер.
На средбата ќе бидат покенти државите кои им се придружија на САД во Корејската војна во борбата против комунистичките сили помогнати од Кина и Советскиот Сојуз.
Меѓу овие држави се Австралија, Белгија, Велика Британија, Грција, Нов Зеланд, Тајланд, Турција, Филипините, Франција и Холандија, Дополнително на собирот се поканети и Индија, Јапонија и Јужна Кореја.
Целта на средбата е да се продолжи притисокот врз Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје, соопштија шефовите на дипломатиите на САД и Канада, Рекс Тилерсон и Кристија Фриленд, по нивната синоќешна средба во канадскиот главен град Отава.
Тилерсон изјави дека притисокот на сојузничките држави врз Северна Кореја нема да престане се додека севернокорејскиот режим не се откаже од својот нуклеарен арсенал.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога