Температури под нулата, слаб снег во Крива Паланка
Во Македонија утрово е студено со температури под нулата скоро во сите градови. Исклучок се Дојран и Скопје каде се измерени еден степен и Гевгелија со три степени.
Најстудено е во Лазарополе со -8 степени, во Маврово, Крушево и Крива Паланка каде утринава температурата е -6 степени, во Штип, Дебар, Тополчани, Виница, Ѓуриште и Берово -4, Струмица, Куманово, Битола, Претор и Охрид -3, Прилеп и Демир Капија -2 и Тетово -1 степен.
Снег со слаб интензитет утринава врне во Крива Паланка.
Во текот на денот ќе биде променливо облачно, а во северните делови и на планините ќе врне повремен слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 60км/час. Максималната температура ќе се движи од -2 до 7 степени.
Во Скопје слично време со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до четири степени.
Утре облачноста веќе ќе се намалува, но ќе дува умерен северозападен ветер. Следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури. Зголемување на облачноста се очекува од среда кон крајот на денот, а ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ново на Сител
-
Клиентите на Халк Банка АД Скопје цел на лажна кампања за прибирање на броеви на картици и лични податоци
-
Му се заканиле ставајќи му моторна пила под вратот - дрвокрадци нападнале шумски полицајци во Велес
-
Судот му го одзеде пасошот на Јован Деспотовски по прифатените мерки на претпазливост
-
ЈО: Деспотовски под истрага за злоупотреба на службената положба, предложено да му се одземе пасошот
-
Деспотовски: Неточни се информациите дека сум приведен
-
Кирјос: Допинг случаите со Синер и Швионтек се страшни за тенисот
-
Лице барано по судска наредба со соучесник физички нападнале полициски службеници - следува пријава
-
Путин изразил сочувство и му се извинил на Алиев за падот на азербејџанскиот авион кај Актау