Македонија
2. January 2018 - 8:25

Слаб снег на Деве Баир, Стража, Ѓавато и Буково

 Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на патните правци Крива Паланка-граничен премин Деве Баир, Стража, Ѓавато и Буково кој не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.