ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Лифт и ја отсече ногата додека влегуваше во него загледана во телефонот!

Лифт и ја откина ногата на жена во Кина откако се сопнала и заглавила во вратата на лифтот, затоа што очигледно гледала во мобилниот телефон наместо пред себе.
Страшната снимка покажува жена, која гледајки во мобилниот, влегува во лифт кој, како што изгледа, поради одреден технички квар почна да се движи пред таа да влезе во него. Жената поради тоа се сопнала од дното на лифтот и паднала во него, но дел од ногата и останал надвор од лифтот и заглавена во вратата која само што се затворила.
На нејзина несреќа, продолжил да се движи со ногата кон преминот на горниот спрат од зградата. Жената се грчела од болка додека лифтот и понатаму се движел, се до третиот спрат, кога конечно застанал. Потоа, се гледа како лежи и чека помош, додека ногата и била потполно здрбена до коленото.
Како што јавува Дејли Меил, несреќата се случила во бизнис објект во Шангај.
Не е познато дали жената ја преживеала оваа несреќа, која наводно се случила уште во јуни, но снимката од надзорната камера е објавена неодамна на кинеската видео платформа Iqiyi.
Ова секак би можело да послужи како предупредување на сите кои гледаат во мобилните додека се движатво автомобил или пешки - такво невнимание може да заврши трагично.
.be
Ново на Сител
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
-

Министерката Јаневска на 24. Светски образовен форум во Лондон, ќе се обрати на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти
-

Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД
-

Мицкоски за законот за игри на среќа: Се става ред и дисциплина во игрите на среќа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква во Љубљана
-

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница
-

Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза
-

Мицкоски: Со вчерашната одлука на Владата како држава повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата
