Светот изненаден од желбата на Иванка Трамп

Според новите гласини кои се поврзани со Белата куќа, Иванка Трамп посакувала да стане прва жена претседател на САД.
Таа имала силна амбиција кон тоа место, а се тврди и дека Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кои сега се советници на претседателот, имале план кој добро го разработиле.
-Tие двајца меѓу себе направија сериозен договор. Ако некогаш во иднина се појави можност, таа да биде таа која ќе се кандидира за претседателското место, пишува Мајкл Волф.
Стив Банон, поранешниот главен шеф за стратегии на претседателот кој беше отпуштен во август наводно е изненаден од претседателските аспирации на Иванка.
-Таа се однесуваше кон својот татко со доза на дистанца од него, но и иронија. Постојано го исмејуваше поради бојата на косата и како тој ја носи, вели тој
Според Wall Street Journal Банон исто така е цитиран во книга како ја нарекува првата ќерка на Сад „глупава како тула“.
Ново на Сител
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
-

Франција пресретна руски танкер од „флотата во сенка“ во Медитеранот
-

На состанок на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, утврдена потребата за формирање работна група за измени на Законот за еднакви можности
-

Предложен притвор за дилер на хероин
