Бадникари кај претседателот Иванов

На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божик, денеска во домот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го посетија децата од Интерактивното филмско училиште „Тинтири Минтири", кои ја донесоа Божикната литија и со песната „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање.
Сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова, изјави дека како семејство секогаш ги почитувале верските и традиционалните вредности, и дека се поборници на враќање на христијанските духовни вредности.
- Дозволете ми од името на моето семејство, од името на нашите денешни гости, да ви го честитаме Божик и Бадник. Нека Христовата светлина влезе во секое христијанско семејство, нека ви донесе многу радост, среќа и здравје, убавини, мир, благосостојба, многу љубов, изјави Иванова.
На децата семејството Иванови им подарија пригодни пакетчиња.
Иницијативата за возобновувањето на старата православна традиција да се слави Бадник со пеење на „Вечниот Бог“ потекна од свештенството на МПЦ-ОА. Според Црквата, радува будењето на оваа стара православна традиција, која од година во година зафаќа се поголем број градови и повторно навлегува во нашето секојдневие.
Децата учесници во бадникарските поворки ја пејат песната „Вечниот Бог“ и носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.
Со божикната каланда (песна) „Вечниот Бог“ се објавува доаѓањето на Спасителот во тело. Песната е древна, води корени уште од некогашното Римско царство, што културолошки продолжи да живее кај православните народи. Сведоштво за универзалниот карактер на оваа каланда се бројните нејзини напеви кои се среќаваат од Европа, преку Азија, сѐ до Африка.
Ново на Сител
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
-

Престанок на забраната за тешки товарни возила на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево
-

Велешанец лажно пријавил малтретирање од полицајци
-

54-годишник од кочанско покрај нива пронашол неексплодирана граната
-

Руте: Тензиите околу Гренланд не би требало да го одвратат вниманието на Европа и САД од Украина
