Интернет плаќање даноци со безготовинска картичка

Електронско плаќање даноци со безготовинска картичка, е новата услуга на Управата за јавни приходи (УЈП) која овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање на персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса со безготовинска картичка Виза, Маестро или Мастеркард (издадена од домашна банка).
Регистрацијата на „е-Плаќање на даноци“ е бесплатна, не е потребен дигитален сертификат. Граѓанинот само треба да креира кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ на https://etax.ujp.gov.mk.
- Услугата „е-Плаќање на даноци“ овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите он-лајн преглед и плаќање на вашите даночни долгови за персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса. Единствено што треба да направите е да се регистрирате и да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“, информира УЈП.
Покрај електронско плаќање даноци, со регистрацијата и користењето на оваа услуга, граѓанинот може да врши преглед и во секое време да има увид во состојбата на даночните долгови.
Новата услуга за интернет плаќање на даноци е автоматски овозможена за 23.328 даночни обврзници – физички лица кои се веќе регистрирани корисници на електронските сервиси на УЈП со или без дигитален сертификат (е-Радиодифузна такса, е-Поднеси даночна пријава).
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
