Започнаа средбите на Османи во Атина
Со тет-а-тет а средба со алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, во 11.30 часот по локално време, започна посетата на Атина на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Веднаш по средбата со Катругалос, Османи ќе има работен ручек со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, двете средби се затворени за новинарите и не е предвидена прес-конференција за медиумите.
Вицепремиерот Османи, од хотелот каде што престојува, дојде пеш до една од зградите на Министерството за надворешни работи на Грција, каде што и ја имаше првата средба со Катругалос.
Од рано утрото, македонското знаме е развиорено на централната зграда на грчкото МНР.
Според најавите во пресрет на посетата на Османи на Атина, на средбите со Коѕијас и Катругалос ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Република Македонија и теми од заеднички интерес.
Османи во интервју за Независната балканска новинска агенција-ИБНА, изјави дека посетата е во насока на градење на довербата меѓу Скопје и Атина оти само во таква атмосфера е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името. Повтори дека наредните шест месеци претставуваат историска шанса за Република Македонија да направи сериозен исчекор во однос на евроатлнтските перспективи.
Грчките медиуми, посетата на Османи, пак, ја коментираат како прва точка од јануарските предвидени активности околу прашањето со името.
Ново на Сител
-
Прекинато водоснабдување во делови на Центар
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија
-
МЗТ го доби вечното дерби против Работнички
-
Верстапен триумфираше на спринтерската трка во САД
-
Со цел да го прекине штрајкот, „Боинг“ понуди зголемување на платите за 35 отсто во текот на 4 години
-
Украина лансираше дронови врз Москва и врз западна Русија
-
Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху
-
Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ