Злосторство што го шокираше цело село: Роднина ги пронајде телата на сопружниците во локва крв, истрагата откри страотни детали

Сопружниците Г.М. (50) и Б.М. (55) од Бабин Мост кај Обилиќ се пронајдени мртви во понеделникот во својата куќа во ова косовско село.
Нивните роднини во една од просториите ги затекнаа безживотните тела и случајот го пријавија во косовската полиција. Според првите резултати од истрагата, Б.М. ја задавил Г.М., а потоа сам си пресудил.
Инспекторите и форензичари во вторникот направија увид, а телата се префрлени на обдукција во Приштина. Дури откако ќе стигнат резултатите, ќе се знае точно кој го извршил злосторството.
-Се сомневаме дека станува збор за убиство и самоубиство, зошто несреќната жена е пронајдена во една соба со траги од давење со јаже. Телото на мажот е пронајдено во локва крв во другата просторија. Веројатно на несреќата и претходела кавга на сопружниците па несреќната жена сакала да побегне од насилникот. Нејзиниот покоен сопруг има убодни рани по целото тело, рекоа роднините на ова семејство кое било едно од поугледните во Бабин Мост.
Психички проблеми
Иако Б.М. го опишуваат како мирен и чесен човек, жителите на Бабин Мост сметаат дека причина за ваквото злосторство може да бидат неговите евентуални психички проблеми. Тие наводно почнале последните години. Инаку, Бабин Мост е српско село во општината Обилиќ во средишниот дел на Косово каде живеат околу 200 српски домаќинства.
Роднината која меѓу првите влегла во куќата на несреќниот брачен пар вели дека додека е жива нема да ја заборави страотната глетка.
-Собата во која ја видов Бранисалва беше целата во крв. Се заледив, рече таа.
Инаку, Итната помош можеше само да констатира смрт кај сопружниците кои важеле за складна и ситуирана двојка/
Г.М. била домаќинка, а В.М. работел некогаш во коповите во Обилиќ, и имал и некакви примања. Трите деца, двете ќерки и синот оформиле свои семејства при што едната ќерката била мажена во блиското Милошево, а другата во Белград, додека синот работел во Косовска Митровица.
Членовите на семејството не сакаа да зборуваат за трагедијата.
Ново на Сител
-

Судар на четири возила на патот Прилеп - Битола, едно лице тешко повредено
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
