-->
-->
Василев: Одлуката за азил на Грујевски и Бошковски одложена на неопределено време
-->

Одлуката за азил за Горан Грујевски и Никола Бошковски е одложена на неопределено време, затоа што органот што ја води постапката нема преведувач од грчки на македонски јазик и обратно, изјави денеска адвокатот Петар Василев пред Кривичниот суд по одложувањето на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“.
- Како што знаете, судовите и другите органи во Грција тешко се снаоѓаат со преведувачи на македонски јазик. И во овој случај тоа беше проблем, бидејќи органот што ја води постапката за азил нема преведувач од грчки на македонски и обратно, па носењето на одлуката беше одложено на неопределено време, рече Василев.
На прашање дали во март Грујевски и Бошкоски ќе бидат екстрадирани од Грција во Македонија како што беше објавено во некои медиуми, Василев рече дека не би шпекулирал со рокови.
- Не би сакал да шпекулирам во однос на роковите, како што објавија некои медиуми. Таму се водат повеќе постапки за нив, да оставиме на судот и да видиме. Тоа се судски постапки. Никој на тие судски постапки не може да влијае. Судот определува кога ќе бидат закажани рочиштата и кога ќе биде донесена одлука. Од наша страна не може да постои никаков влијание, ниту пак би можеле да извршиме проценка кога би можело да се случи, истакна тој.
Според него, нема можност на Грујевски и на Бошковски да им се суди во Македонија за фалсификуваните патни исправи.
- Тоа може да се случи само кога странките сами ќе побарат, но во овој случај не е така, нагласи Василев и додаде дека жалба за екстрадицијата е поднесена во судот во Атина, но се уште немаат добиено одговор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
-

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во Брисел без договор за буџетот на Унијата
