Случај кој со децении ја мачеше целата земја: Деца мистериозно исчезнаа пред 50 години, а сега нова трага ќе ја открие вистината

Книгата „Човек во сатен“, објавена 2013 година, покрена истрага за случај стар повеќе од половина век за исчезнати деца во Австралија.
Џејн (9), Арна (7) и Грант (4) Бомон исчезнаа во 1966 година без трага. Децата сами заминале од куќата со автобус на блиската плажа Глененг.
Потрагата по нив и полициската истрага за нивното исчезнување беше една од најголемите во Австралија. Полицијата сега има нова трага и верува дека го пронашла местото во источна Аделаида на кое можеби се закопани децата.
Новите сведоци ја наведоа полицијата да го истражи теренот околу фабриката во Плимонт, потврди портпаролот на австриската полиција.
Дел од тој терен веќе е прегледан во 2013 година, а новите истражувања на тлото со најнова опрема открија дека во задниот дел од земјиштето кое тогаш полицијата не го прегледала, земјата е натрупана во ширина од еден метар и длабочина од два метри.

Во книгата како можен виновник се наведува починатиот бизнисмен од Аделаида Хари Фипс. Иако неговиот идентитет во книгата не е откриен, авторите дале доволно детали со чија помош може да се навести за што се работи. Потоа е објавена неговата фотографија на телевизија, па двајца мажи се јавија во полиција со нови информации.
Тие рекоа дека морале да ископаат дупка на имотот, но за време на полициската истрага не биле присутни.
Иако Фипс до сега не беше осомничен, полицијата знаела дека е опасен педофил и предатор.
И неговиот син Хајден на авторите на книгата им рекол дека ги видел децата во дворот дента кога исчезнале.
Полицијата се уште не почнала да копа на новата локација, но велат дека работите се очекуваат во наредните неколку недели.
Ново на Сител
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
-

Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов
-

Пакистан нападна талибански бази во Авганистан
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
