Независни Грци со непроменета позиција за името по средбата Заев - Ципрас
Помалиот коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од позицијата во името да не биде вклучен терминот Македонија. И по средбата во Давос на премиерите на двете земји, се чини дека Независни Грци не го променија ставот.
Дописникот на МИА од Атина јави дека портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу за грчката ТВ Скај соопшти дека нема промена во позицијата на партијата, затоа што станува збор за цврст став изразен на нивните конгреси, но и на неодамнешниот национален совет.
- За нас, за Независни Грци, името се идентификува со иредентистички визии на соседната земја, рече Пападопулу и додаде дека партијата му му верува на шефот на грчката дипломатија, затоа што bdquo;води повеќе димензионална надворешна политика и има позитивни резултатиldquo;.
Во однос на закажаниот протест во Атина, на 4 февруари, Пападопулу вели дека како и минатиот пат, за протестот во Солун, така и сега Независни Грци му порачуваат на народот да дејствува според свеста и да реши дали ќе учествува или не. Лично таа, рече дека ќе присуствува.
За прашањето со името и закажаниот протест во Атина, со одлука на претседателот на Независни Грци и министер за одбрана, Панос Каменос, партијата, јавува дописникот на МИА во Атина, во понеделник ќе одржи заеднички состанок на парламентарната група и на извршниот комитет.
Извор: МИА
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри