Грчката црква го поддржува протестот во Атина
Со официјални претставници, тројца митрополити од Светиот синод, Грчката православна црква ќе учествува на протестот во недела во Атина, за името на Македонија.
За ставот на црквата против употребата на терминот Македонија и за учеството на ГПЦ во протестот на 4 февруари во Атина, архиепископот Јеронимос ги известил организаторите на собирот на нивната средба во атинската архиепископија. Тројцата претставници на организаторите, Нина Гаѕули, координаторка на грчките македонски организации, Панајотис Балтаѕис, генерален секретар на грчко-американскиот национален совет и Михалис Пацикас, член на координативната комисија на протестот на грчките македонски организации, според официјалното соопштение од ГПЦ, го посетиле архиепископот Јеронимос и побарале благослов од него, јавува дописникот на МИА од Атина.
Поглаварот на ГПЦ, им ја повторил позицијата на црквата за неприфаќање на терминот Македонија или изведени зборови во името и им направил анализа на црковниот аспект во целото прашање и ги потсетил на последното соопштение на Синодот, дека црквата на Грција, смета дека „секаков израз за одбрана на правата на нашата Македонија е за пофалба, само доколку е автентичен, несебичен и спонтан и секогаш во духот на легалното и демократско изразување“.
- Архиепископот истакна дека согласно со горенаведените услови, што ќе обезбедат мирен протест во Атина, без да има политички и партиски обоен карактер, Црквата на Грција ќе учествува преку потпретседателот на Светиот синод, митрополитот од Сирос, господинот Доротеос, кој ќе о прочита соопштението на Светиот синод, придружуван од митрополитот од Драма господинот Павлос и од Хиос, господинот Маркос.- соопштуваат од ГПЦ за средбата на Јеронимос со организаторите на протестот.
И покрај официјалната линија на ГПЦ, која пред протестот во Солун беше различна од сегашната и против собирите, митрополитот од Месинија, Хризостом, од грчкиот полуостров Пелопонез, преку допис вели дека не се согласува со учеството на црквата во демонстрациите. Митрополитот Хризостом смета дека црквата не треба да им биде „слуга“ на секуларни групи со непозната идеологија и цел.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот