Град на духови: Некогаш најбогат град во Африка, денес пустелија

Последните шест децении го прекриваат наноси од песок од пустината Намиб која во Африка зафаќа подрачје од 50.000 квадратни километри.
Колманскоп во Намибија е град на духови од 1954. година, кога го напуштиле последните жители, рудари кои работеле во рудникот за дијаманти во близина.
Својот врв градот го доживеал во 20-тите години од минатиот век, кога имал околу 1.200 жители, во главно локални работници, припадници на племето Овамбо, но и германски колонисти.
Многубројни жители го населиле овој град откако извесен Захаријас Левала пронашол дијамант на ова подрачје, за потоа да биде откриено дека во целиот регион се крие голема количина од тој скапоцен камен.
Благодарение на големото богатство, кое забрзано се акумулирало, изграден бил град во европски стил, кој имал се: од електрани, болници и спортски игралишта, до казина и куглани. Со железница бил поврзан со пристанишниот град Лидерица
По Првата светска војна, резервите од дијаманти почнале полека да исчезнуваат, а жителите да бараат работа на други места.
Колманскоп денес претставува најпопуларен намибиски град на духови и голема туристичка атракција. Со оглед на тоа дека се наоѓа во заштитеното подрачје Шпергебит, посетителите мора да добијат посебна дозвола за влегување во градот.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
