-->
-->
Се уредува зеленилото во Градски парк
-->
ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје поради поволните временски услови почна да ја реализира Програмата за подигање и реконструкција на јавното зеленило на подрачјето на град Скопје.Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ се излезени на терен и работат на уредување на зеленилото на две локации во Градски Парк, соопшти Град Скопје.
Првата локација спроти Хотел Канет и езерцето кај Стадионот е со површина од 4.400 квадрантни метри, а втората површина од 1.900 квадратни метри е спроти паркингот пред Фонтаната Лотосов цвет и влезот во Градски парк, бидејќи постојната тревна површина е од пред 40 години.
На двете површини ќе се засадат вкупно 200 украсни грмушки, перени и листопадни садници што ќе ги надополнат постојните дрвореди. Исто така, на новите површини ќе се постави и нова хидрантска мрежа од 700 метри, ќе се заменат оштетените прскалки и ќе се постават нови во делот каде што никогаш немало поставено прскалки за наводнување на зеленилото во вкупен број од 70 парчиња.
За реконструкција на овие две површини во Градскиот парк од Буџетот на Град Скопје ќе се издвојат околу 4 милиони и 500 илјади денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
