Македонија
9. February 2018 - 8:51

Фазлиу ќе објави детали за повикот за прекугранична соработка со Бугаријa

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска на прес-конференција ќе ги соопшти деталите за вториот јавен повик за проектни предлози од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Програмата е финансирана од Инструментот за претпристапна помош II на Европската унија. 

Вкупниот износ на расположливите средства во рамките на овој јавен повик е 9 милиони 917 илјади и 631 евра, за двете страни.