Ѕанакопулос: Топката е на теренот на соседната земја
- Топката во овој момент е на теренот на нашите соседи, кои ќе треба и во пракса да покажат дека е промената реториката на владата што може да одведе до опипливи резултати во односите на двете земји, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, говорејќи за радиото Алфа 989.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во врска со различните позиции на Скопје и Атина, во однос на промената на македонскиот Устав, нешто што грчкиот премиер Алексис Ципрас го спомена како предуслов, а македонскиот премиер Зоран Заев отфрли можност за измени, Димитрис Ѕанакопулос рече дека тоа е предмет на преговорите и уште еднаш ги повтори грчките позиции.
- Многу добро знаете дека едно заемно прифатливо решение, токму за да биде заемно, потребни се двајца. Потребни се и двете страни. Во оваа смисла ние многу јасно ги имаме кажано нашите позиции. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение. – рече Ѕанакопулос, пренесува МИА.с
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
