Лавров: Дејствувањето на САД во Сирија е опасно
САД дејствуваат во Сирија унилатерално и на опасен начин, со што го поткопуваат територијалниот интегритет на земјата, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Изјавата на Лавров следи по минатонеделниот напад на хеликотери на меѓународната коалиција, предводена од САД, врз позиции на сириските владини сили, распореден во близина на една рефинерија во источна Сирија под контрола на бунтовниците, кои ја имаат поддршката на Вашингтон.
Според Лавров, САД со своето дејствување со обидуваат да формираат некаква квази држава на сириската територија долж источниот брег на реката Еуфрат на потегот до границата со Ирак.
- Според мене, дејствувањето на Американците не е насочено кон постигнување заеднички договор. Тоа е опасно и со еднострани чекори, рече Лавров во Москва по средбата со шефот на белгиската дипломатија Дидие Рејнолдс.
Според Лавров, не е исклучено САД да се обидат да останат во Сирија „долго, ако не и засекогаш“.
Лавров го оцени и како „кратковид“ пристапот на САД за целосно отфрлање на позициита на Турција кон сириските Курди. - Резултатите од таа кратковидост ја гледаме сега во реонот на Африн, изјави Лавров.
Турција минатиот месец во регонот на Африн започна офанзива против силите на сириските Курди, кои беа еден од главните сојузници на САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), поради што дојде до тензии во односите меѓу Анкара и Вашингтон.
Анкара ги смета Силите за заштита на народот на сириските Курди за огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која се залага за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.
Лавров, исто така, нагласи и дека Русија останува отворена за учество на сириските Курди во мировниот процес во Сирија и покрај противењето на Турција.
Во услови кога однсите меѓу САД и Турција се, како што оцени турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, во „критичн фаза“. в петок во Анкара ќе допатува американскиот дравен секретар Рекс Тилерсон.
Во пресрет на посетата на Тилерсон, денеска во Истанбул се одржа средба меѓу претставници на Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Херберт Рејмонд Мекмастер. Тема на разговорите, според извори од кабинетот на Ердиоган, било „долгорочното стратешко партнерство“ меѓу Турција и САД.
Ново на Сител
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
