Заев: Евентуалната реконструкција заради зголемување на парламентарното мнозинство
Евентуалната реконструкција и промени ќе се случат заради зголемување на парламентарното мнозинство, изјави денеска премиерот Зоран Заев по посетата на Аквадуктот во Скопје.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавените кадровски промени напролет, Заев појасни дека најавените кадровски промени нема да се прават заради какви било незаконски работи на функционерите, бидејќи во тој случај не е потребна реконструкција, туку кривични пријави и истраги пред обвинителството.
- Во оваа реконструкција немојте да очекувате дека се работи за некој неуспех, нешто што сме го проектирале, а не сме го реализирале. Реконструкцијата би се случила заради природната потреба од распределба на одговорност согласно зголемениот број на пратеници во новото парламентарно мнозинство, ако претходно успееме да се договориме, истакна Заев.
Додаде дека се разговара со опозиционите партии за да се прошири мнозинството.
- Ќе разговараме со сите политички партии кои би сакале да ги поддржат процесите кои се започнати во државата со една засилена тенденција затоа што доаѓа пролет, а таа е важна за оперативните теренски активности и реализацијата на крупните капитални проекти но и политичките аспекти како што е интеграцијата на Македонија во Македонија и НАТО. Сериозни прашања се исправени пред Македонија и нема да биде на одмет тоа парламентарно мнозинство биде постабилно и посериозно, а секако и сите одлуки да се носат со присуство на опозицијата во законодавниот дом, нагласи премиерот Заев.
Во врска со работните групи формирани од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за законите кои се носат со двотретинско мнозинство и дали очекува амнестијата да е услов од ВМРО-ДПМНЕ за да се гласаат овие закони, премиерот Заев рече дека целта е работните групи да помогнат во реформите преку критичен осврт на опозицијата и негираше дека амнестијата е точка на разговори во работните групи.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци