Најмалку 25 луѓе загинаа при воздушните напади врз цели на ИД во Сирија
Во денешните воздушни напади на коалициските сили предводени од САД врз позиции на Исламска држава во Дахра Алун загинаа повеќе од 25 луѓе, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Според организацијата со седиште во Лондон, во нападот врз Дахра Алун, последното упориште на екстремистите во Сирија, повеќе од половината жртви се жени и деца.
Портпаролот на коалицијата Рајан Дилон изјави дека на крајот од месецот ќе биде објавено се за нападите и за жртвите, како и дека коалицијата ги презема сите мерки за да избегне цивилни жртви.
Иако ИД изгуби поголем дел од територијата во Сирија, се уште има конторла врз помали подрачја во источниот дел на Сирија, во јужното предградие на Дамаск, како и во југозападниот дел од земјата.
Во Сирија веќе седма година се води граѓанска војна. Во земјата има повече фронтови, каде има повеќе завојувани страни.
Турција во јануарио почна офанзива со сириската енклава Африн, каде се бори против курдските милиции, Русија го поддржува режимот во Дамаск во борбата против бунтовниците, а коалициските сили предводени од САД ги поддржуваат Курдите во Сирија кои се борат против ИД.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350