-->
-->
Ненад сине, дојди брзо висам над Морава - исповед на синот на камионџијата кој денеска ја гледаше смртта во очи
-->
Ненад Савиќ, синот на Миодраг Савиќ кој со часови седеше во кабината од камионот и висеше над заледената Морава, зборува што се се случувало денеска на автопатот кај Јагодина.
- Го однесов татко ми до камионот, требаше да оди за парачин на утовар. Десетина минути подоцна ме побара и ми рече„ Сине, брзо дојди имав сообраќајна несреќа кај Мијатовци, висам над Морава“. Веднаш истрчав до него, а кога го видов камионот дека ја пробил оградата и кабината како виси над водата се заледив - раскажува Ненад, чиј татко денеска беше спасен по драмата на автопатот кај Јагодина.
На местото на несреќата брзо стигнале екипите на Итната помош, полицијата, пожарникарите кои веднаш почнале да прават план како Миодраг да го извлечат од кабината.
- за среќа е спасен. Видов дека е уплашен, но и дека го држи стравот под контрола. Сепак тој е поранешен пожарникар и не дозволил паниката да го совлада. Ни мене не ми беше сеедно, бидејќи бев свесен дека камионот седржи само на задната основа и дека во секоја секунда нешто може да тргне на лошо. Моментално му ги тргнував мислите, постојано разговарав со него, прераскажува Ненад.
Тогаш татко му му рекол што точно се случило на автопатот.
- Патпт бил под снег и едноставно му се излизгал камионот и изгубил контрола. Имал ненормална среќа што камионот застанал. Само половина метар да го повлекла инерцијата, ќе завршел во река. Затоа ми рече дека Бог го видел, раскажува Савиќ.
Неговиот татко после 4 часа поминати во кабината на камионот успешно е спасен и веднаш бил однесен во болница.
- Имал зголемен притисок, а лекарите му рекле дека му се качил шеќерот во крвта. Премрзнал, но сепак немал тешки повреди. Се надевам дека денеска ќе го пуштат дома и да се опоравиме сите од овој шок, рекол Ненад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова вакцина за ХИВ
-
ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено
-
Во текот на викендот се подигнати 65 кубни метри одложен отпад
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов
-
Во Загреб марш за зголемување на безбедноста во училиштата
-
Најстудено утрово во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Министерот Муцунски во Вашингтон – продлабочување на билатералната соработка и привлекување нови инвестиции
-
Саливан: Иран може да направи нуклеарно оружје