Новите врнежи ќе ги покачат водостоите на реките, можно е излевање
Врнежите од дожд и затоплувањето на времето што е најавено за наредните денови ќе предизвикаа нагло топење на снежната покривка, што пак ќе доведе до покачувања на водостоите на реките и нивно можно излевање.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека новите врнежи дополнително ќе влијаат на водотеците и суводолиците и оти се очекуваат нови покачувања на водостоите, кои поради влажните почви и нивната мала способност да впијат поголеми количини на вода, треба да се внимава на можна појава на локални излевања на сливовите на реките Треска, на Црна Река, на притоките на реките Радика и Црн Дрим, притоките на реката Вардар, реките околу Баба Планина, Ниџе, Кожув и Бабуна.
Со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на поплави, ЦУК ги известила единиците на локална самоуправа и им препорача да ги задолжат јавните претпријатија и останатите субјекти во нивните општини, да бидат подготвени и да извршат проверка на сите критични места на кои е можно излевање и поплавување, да се провери состојбата со мрежата на одводните канали и на другите водни објекти на нивна територијата, со цел утврдување дали истите ја обезбедуваат потребната водопропусност за нормален тек на водата.
Од Центарот за управување со кризи ги потсетуваат граѓаните доколку имаат потреба може да го користат бесплатниот телефонски број за итни повици - 195.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека за време на викендот времето ќе биде променливото облачно и значително потопло.
Минималните температури ќе се движат од нула до шест степени, а максималните од три до 17 степени Целзиусови.
Утре попладне и ноќта кон недела ќе има повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено и засилен западен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната