ВМРО-ДПМНЕ: Град Скопје избра партиски војници за членови на управни и надзорни одбори

Градот Скопје тоне, а управата врши криминален избор на партиски војници за членови на управни и надзорни одбори
Почитувани,
Градот Скопје, претседавачот на советот на градот Скопје Љубица Јанцева и градоначалникот Петре Шилегов на шверцершки начин, со сомнеж за неисполнување на зконските услови именуваат членови на управни и надзорни одбори. Тие ги кријат нивните биографии поради две причини: прво или тие не ги исполнуваат пропишаните услови за познавање на странски јазик и потребно тригодишно искуство од областа, или второ меѓу назначените лица има партиски војници, членови на партиски тела на СДСМ со што тие вршат отворена партизација на институциите.
Бидејќи се фатени во тесно Градот Скопје и Шилегов не се произнесува на темата, и се обидува преку евтин спин и лажна вест да дефокусира дека кревањето на оваа тема е поради одлуката на советот да се наплаќа по повисоки тарифи на вода од досегашните во однос на компаниите сместени во некогашна железара, спомнувајќи го бизнисменот Минчо Јорданов. Кога сме на таа тема треба да се познати три факти:
1. Одлуката за укинување на повластена тарифа на вода беше подржана и изгласана и од советниците на ВМРО-ДПМНЕ,
2. г. Минчо Јорданов беше вицепремиер во влада на СДСМ и тој никогаш не може да се каже дека бил функционер на ВМРО-ДПМНЕ,
3. Остана да лебди неодговорено прашањето, за тоа кои лица се именуваа во УО и НО на градската управа? Дали со именување на партиски кадри секако не се остварува предизборното ветување за професионализација на институциите, туку напротив нивно целосно партизирање.
Сето ова фрла сомнеж дека Градот Скопје тоне, а управата врши криминален избор на партиски војници за членови на управни и надзорни одбори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
