Малстром: ЕУ да биде исклучена од новите царини од САД

Европската унија треба да биде исклучена од воведувањето нови царини од САД за челик и за алуминиум, изјави синоќа Сесилија Малстром, еврокомесар за трговија.
- Ќе бараме повеќе детали за тоа прашање во следните денови, изјави таа.
Според неа, ЕУ е близок сојузник на САД. Малстром додаде дека в сабота ќе има средба со постојаниот трговски претставник на САД Роберт Лајтхајзер.
Пред неколку дена, советникот за трговија на Белата куќа, Питер Наваро изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп не планира да изземе која било земја од строгите цени кои ги воведува за увоз на челик и алуминиум
Трамп минатиот четврток донесе одлука за воведување такси од 25, односно 10 отсто за увоз на челик и алуминиум, што предизвика вознемиреност кај сојузниците на САД и најави евентуален почеток на трговска војна.
Иако тоа се однесува главно на Кина, цените ќе опфатат и значителен дел на увозот од Канада, Мексико, Јужна Кореја, Јапонија и Европската унија.
Ново на Сител
-

Утрово уапсен Перпарим Бајрами, сам се предал на полицијата
-

Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета | ФОТО
-

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола
-

Во Осло денеска државен погреб на норвешкиот крал Харалд Петти
-

Шји Џјинпинг и Путин му честитаа на Ким Џонг-ун по повод националниот празник на Северна Кореја
-

Денеска прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
