
Новите сателитски фотографии на вселенската агенција НАСА, се направени во февруари, и покажуваат дека повеќе го нема и веројатно исчезнало кога бура го разнела песокот на сите страни.
Не е јасно како навистина е создаден овој остров. Експерите велат дека е можно островот да настанал благодарение на временските услови кои во јули 2017 година се поклопиле така што ветровите и морските струи нанеле песок во поголеми количества од околните брегови на минимално остовче и го направиле поголемо.
Островот имал најголема површина во август 2017 година која тогаш изнесувала околу 11 хектари. Наскоро стана туристичка атракција.
Сега пак исчезна меѓу брановите. Неговото исчезнување е предизвикано и од силните урагани кои минатата еден островот го поделија на половина. Во текот на зимата, серијата бури продолжија да го цепкаат островот и до февруари целосно исчезна.

