Еврогрупата дозволи транша од 5,7 милијарди евра за Грција

Нова транша од 5,7 милијарди евра ќе добие Грција во втората половина од март, беше одлучено на синоќешната средба на Еврогрупата.
Претседателот на Еврогрупата Марио Сентено пред новинарите изјави дека во април на дневен ред ќе биде и прашањето за олеснување на грчкиот долг.
Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изрази задоволство од преговорите на Грција со нејзините кредитори. Воедно, тој предупреди дека за грчката Влада претстојат сто критични денови, пред средбата на Еврогрупата на 21 април, на која треба да се донесе решение за позитивно финализирање на спасувачката програма за земјата уште во текот на претстојното лето.
Весникот „Катимерини“ оценува дека рокот до крајот на програмата е многу кус, бидејќи дотогаш Грција треба да исполни уште 88 мерки побарани од кредиторите.
Втор предвизик за Владата е преземената обврска до Велигден да претстави проект за развој на економијата и за чекорите кои Грција ќе ги преземе кога ќе излезе од строгата контрола на институциите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
