Свет
20. October 2015 - 12:22

Началникот на американскиот Генералштаб во посета на Ирак

Новиот началник на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, маринскиот генерал Џозеф Данфорд пристигна денеска во ненајавена посета на Ирак, каде планира да се запознае со ситуацијата на теренот во борбата против групацијата Исламска држава.

Авионот на Данфорд, кој на функцијата дојде на 1 октомври, слета во Ербил, главен град на полуавтономниот курдски регион во северен Ирак.

Според најавите, тој ќе се сретне со претседателот на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани.

Потоа е планирано Данфорд од Ербил да замине за Багдад, на средби со претставници на ирачките власти и со американски команданти.