Павлопулос: Ревизија на Уставот и отстранување на иредентизмот, па членство во НАТО и ЕУ
Решение на името со потребни гаранции за искоренување на иредентизмот и ревизија на Уставот се предусловите што треба да се исполнат за Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО. смета грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Тој уште еднаш ги повтори неговите позиции во прашањето за името, овој пат преку пораката до Грците од дијаспората по повод националниот празник 25 март, јави дописникот на МИА од Атина.
- Ние ја поддржуваме интеграцијата на ПЈРМ во НАТО и во Европската Унија. Но ова, заради почитување на историјата, меѓународното право и европското законодавство бара претходно решение на името, кое ќе ги содржи потребните гаранции за искоренување на иредентизмот. Според тоа, постои еден начин за да оди напред интеграцијата на ПЈРМ во НАТО и ЕУ: Прво, претходна ревизија на нејзиниот Устав, нешто што ќе го одбележи и почитувањето што го покажуваат Грција, Европската унија и НАТО кон нејзиниот правен поредок и владеењето на правото. И, второ, договор што ќе ги опфати сите гаранции за елиминирање на иредентизмот што го споменав, пишува Павлопулос, а освен до Македонија, пораки испрати и до Турција, а го спомена и кипарското прашање.
Ново на Сител
-
Почина Дикембе Мутомбо
-
Драма во Скопје: Маж со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар
-
Жена нападната од поранешниот партнер - Ја натепал и нејзината малолетна сестра
-
82-годишен дедо полово вознемирувал тројца малолетници
-
Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница
-
Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%