Тешка сообраќајка на патот Гостивар - Тетово - повредени жена и дете
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на патот Гостивар - Тетово , повредените итно биле згрижени во тетовската болница.
- Вчера околу 23 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на наплатната станица Тетово, И.А. (59) од Тетово управувајќи патничко возило „Фолксфаген пасат“ со хрватски национални ознаки, изгубил контрола над возилото, кое удрило во бетонски sид и се превртело. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.Б. (62) од Тетово, додека И.А. и деветгодишна сопатничка се здобиле со телесни повреди и со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана помош. А.Б. била задржана на лекување, додека И.А. и малолетничката биле пуштени на домашно лекување, стои во соопштението на МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола