Трагедија: Македонец возач на камион загина утрово во сообраќајка во Германија
Во сообраќајна несреќа утрово загина 29-годишен возач на камион од Македонија, пишува Букефал клуб.
Како што информираат од порталот несреќата се случила утрово во 06:50 часот на автопатот А44 во близина на Витен, а во правец кон Дортмунд, кога младиот возач од непознати причини излетал десно од патот и удрил во бетонски столб од надвозник. Тој загинал на лице место, а неговото тело било заглавено во смачканата кабина, која од силата на ударот се поделила надолжно на два дела и притоа 25 тони тркала со жица и други метални делови се распрскале наоколу по коловозот.
Поради тоа што не било сигурно дека столбот не е оштетен од ударот, градежен инженер ја тестирал стабилноста на мостот, при што две од трите ленти биле затворени за сообраќај. Патот бил повторно пуштен во употреба околу 9:40 часот.
Полицијата ја процени материјалната штета на 150.000 евра.
Ново на Сител
-
ФОТОГРАФИИ од страшната сообраќајка во која животот го загубија 3 лица
-
Меланија Трамп во мемоарите го поддржува правото на жената на абортус
-
Емери: Астон Вила може да стигне до четвртфиналето во Лигата на шампионите
-
Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани
-
Зошто пилотот не треба воопшто да има брада?
-
Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години
-
„Шаоми“ ја претстави „14-T“ линијата паметни телефони
-
Пронајдена досега непозната слика на Пикасо