Објавен конкурсот за вработување 125 професионални војници
Mинистерството за одбрана на својата веб страница и во два дневни весника денеска го објави првиот конкурс за вработување нови 125 професионални војници во Армијата на Република Македонија, кои ќе бидат дел од вкупно 375-те нови професионални војници кои треба да го зајакнат армискиот состав.
На веб страницата на Министерството за одбрана ја има и пријавата со чие пополнување секој кандидат ќе го почне процесот за прием. Конкурсот ќе трае 15 дена.
Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска вчера рече дека со приемот на нови професионални војници се дава придонес и на политиката на Владата за создавање нови работни места кои ќе бидат подобро платени.
Таа ги повика сите млади луѓе на возраст до 25 години со завршено средно образование кои веќе доброволно го отслужиле воениот рок да се пријават на овој конкурс и да дадат шанса за својата генерација, да создадат шанса, но и да влијаат на зајакнување на составот на Армијата на Република Македонија.
Додаде дека во следните десет дена и официјално ќе го почнат процесот на набавка на униформи и чизми.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија