ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе донесе важна одлука дали ќе се врати во Собрание
Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седници на Извршниот и Централниот комитет ќе го отвори прашањето за враќање на пратениците на оваа партија во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува во работата на Собранието бидејќи 12 отсто од нивните пратеници биле во притвор. Ова на прес-конференција, пред три месеци го соопшти лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој додаде дека со нивното ослободување од затворски притор, опозицијата ќе се врати во Собранието.
Координаторот на партијата Драган Данев истакна дека според него нема амбиент за враќање на партијата во Собрание и дека сѐ уште се чувствува притисок од страна на власта.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неделното интервју за Радио Слободна Европа истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието, ќе се врати на голема врата и ќе поднесе интерпелација на работењето на Владата.
Тој истакна дека постојат два услови за враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание - политички и математички.
-Политичкиот услов, можам да кажам, очекувам многу брзо да биде надминат, да бидат исполнети нашите барања, коишто одат во паралелна насока заедно со преговорите во однос на реформските закони, кои се многу важни за иднината на оваа држава, бидејќи нас не интересира иднината и реформите во оваа држава - заклучи Мицкоски.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети