Мицотакис: Важни се Уставот, иредентизмот и идентитетот на нашите соседи

Не нѐ засега само прашањето со името, туку нѐ засега и прашањето со Уставот, а особено нѐ засегаат прашањата со иредентизмот и идентитетот на нашите соседи, вели лидерот на опозциската Нова демократија во интервју за грчкото радио Реал фм.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис вели дека кога се отворил прозорецот на можност, Ципрас започнал со тајна дипломатија, не ја известил опозицијата, напротив се обидел да ја подели, а го поделил и општеството.
- Ние од прв момент, што рековме? Го поставивме прашањето во правилна димензија. Рековме дека не нѐ засега само прашањето со името, туку нѐ засега и прашањето со Уставот, а особено нѐ засегаат прашањата со иредентизмот и идентитетот на нашите соседи. Да почнеме од овие прашања. Владата не започна од овие работи, започна говорејќи само за името, а во продолжениe го смени ставот и дојде на нашата позиција, споменувајќи ја уставна ревизија како неопходна, рече Мицотакис во интервјуто.
Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, на прашањето каква би била позицијата на Нова демократија, доколку договорот е во рамките на позициите на партијата и како таков дојде за гласање, рече дека се резервирани додека не видат што ќе донесе грчката влада во парламентот.
- Не сме стигнати до таму. Јас ја немам предвидено позицијата на Нова демократија. Ќе разгледаме каков било договор. Но, сакам да повторам уште еднаш дека владата, со ова прашање, за жал го подели општеството и создаде еден супстрат во грчкото јавно мислење што отежнува постигнување било каков договор во овие услови, рече Мицотакис и уште еднаш го повтори неговиот веќе добро познат став дека нема да ги обединат „Скопјаните, делејќи ги Грците“.
Ново на Сител
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
