Издадени уште 3.257 потврди за намера за азил

Македонската полиција издала нови 3.257 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на мигранти од 8 часот вчера изутрина до изутринава во 8 часот, со што вкупниот број на такви издадени потврди од 19 јуни досега изнесува 161.692.
Од ноиздадените потврди 1.843 се за лица од машки пол, 477 се од женски, 716 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 221 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.569, Авганистан –1.196, Ирак-272, додека другите се во помал број.
До Одделението за азил во изминатото деноноќие не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Од стартот на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања за азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера се евидентирани седум баратели на азил од кои шест баратели на азил се мажи и еден барател на азил без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 2 баратели на азил (малолетно лице со придружба на старател и еден маж) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближил до куќите
-

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија
-

Во сила стапи договорот за трговија со услуги и инвестиции меѓу ОАЕ и Русија
-

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40 минути на Табановце
-

ЦУК: 31 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие, осум активни
-

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
