Одбиен предлогот на Русија за нова истрага за „Случакот Скрипал“
Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) денеска го одби предлогот на Русија за отпочнување нова истрага за труењето со нервен агенс на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во англискиот град Солсбери.
Советот го одби предлгот на Москва со 15 гласа „против“, шест „за“ и 14 „воздржани“.
Според дипломатски извори, покрај Русија, за нејзината иницијатива гласале уште и претставниците на Алжир, Азербејџан, Иран, Кина и Судан.
Русија го достави таквиот предлог од ОПЦВ, откако Велика Британија не ја покани да учествува во истрагта на експерти на Организацијата за „Случајот Скрипал“, чии резултати треба да бидат соопштени следната недела.
Велика Британија за труењето на Скрипал и неговата ќерка ја обвини Русија, која отфрла каква и да било вмешаност во случајот.
Русија денеска побара и утре да биде одржана отворена седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе бидат разгледани обвинувањата од Лондон дека Русија стои зад „обидот за убиство“ на Скрипал и неговата ќерка.
Ново на Сител
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет