ВМРО-ДПМНЕ: Судството не работи по силата на законот, туку под притисок на власта
Република Македонија е заробена држава. СДСМ го девалвираше правото и правниот систем во државата. Судството не работи по силата на законот, туку под притисок на власта.
Реформите кои ги најавуваа, како да беа ветувани на први април, завршија уште пред да почнат.
Правосудните органи се партизираат со партиски кадри, а институциите се користат за пресметка со политички неистомисленици.
Апатијата која завладеа на општествено - политички план се отслика и во економијата. Минатата година економијата после долго време за првпат не оствари раст. Државата се соочи со пад на градежништвото од 20% и застој на сите инфраструктурни проекти почнати од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ не знае да менаџира со парите на граѓаните. Покрај тоа што ги троши немилосрдно и без концепт за раст и развој, истата ја задолжи државата со милионски суми. Притоа не само што не направи нешто продуктивно со истите, туку и ги чува без за нив да зема камата, во исто време плаќајќи камата за основниот долг, со што до сега ја оштети државата за 1.5 милиони евра.
Долга е листата на неуспеси на оваа власт. Неуспесите со СДСМ на власт станаа наше секојдневие. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да поднесе барање за гласање на доверба на Владата. Граѓаните заслужуваат подобро. Државата заслужува подобро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
-

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
-

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар
-

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
-

„Свои на своето!“ - Ден на македонската револуционерна борба
-

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта
-

Променливо облачно со повремен дожд
