-->
-->
Во скопски автобус полицијата пронашла кеса полна марихуана - сите го криеле сопственикот
-->
На автопатот Скопје-село Миладиновци вчера во патнички автобус била пронајдена ќеса со марихуана.
Како што соопшти МВР, вчера во 11.35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици, кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот. Никој од патниците не се јавил како сопственик.
Од страна на полициска патрола од станицата Петровец било утврдено дека во најлонската ќеса има четири паковки марихуана со вкупна тежина од околу два килограми.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно