Џет-Сет
9. April 2018 - 14:32

Има некој појак и од Вељко: Еве кој на Велигден го скрши синот на Цеца

Велигден е христијански празник кој во домот на Ражнатовиќ се прославува семејно и весело.

Вељко Ражнатовиќ, како најстар подмладок, е пример за своите помлади братучеди и братучетки па така реши со нив да одмери силата во кршење на велигденски јајца.

Малечките застанаа во ред да се кршат со Вељко и успеаја да го скршат неговото јајце. Вељко беше изненаден од лукавството на својот помлад братучед.

-Па братче, немој од страна! Не знам кој те учел на тоа, му рече Вељко на братучедот и го бакна.

Колку Цеца е ггорда на своите деца и на децата на својата сестра Лидија покажува и тоа што го сподели на Инстаграм видеото исто како и Вељко.

„Семејство! Најголемо богатство“.