Џонсон: Нападите врз Сирија нема да го променат курсот на војната

Воздушните напади што САД, Велика Британија и Франција ги извршија во саботата врз цели во Сирија, нема да го променат курсот на сириската војна, ијзави денеска шефот на британската дипломатија Борис Џонсон.
- Битно е да се нагласи дека тоа не беше обид за промена на курсот на војната во Сирија, ниту беше обид за промена на режимот, изјави Џонсон во Луксембург по пристигнувањето на средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.
Според него, со нападите на трите западни земји, светот само порачал дека е доста со користењето на хемиското оружје.
- Сепак се плашам дека сириската војна ќе продолжи со својот мизерен и ужасен тек, додаде Џонсон.
Според најавите од седиштето на ЕУ, сирискиот конфликт, заедно со односите на Унијата кон Русија, ќе бидат главни теми на министерската средба во Луксембург.
Европската унија во саботата ги повика Русија и Иран да помогнат за запрање на евентуални иднина напади со хемиско оружје од страна на на сириската армија, заканувајќи се при тоа со нови економски санкции.
- Европската унија ги повикува сите држави, а особено Русија и Иран, да го искористат своето влијание за да се спречи сирискиот режим во иднина да користи хемиско оружје, порача ЕУ.
САД, Франција и Велика Британија во саботата во раните утрински часови истрелаа над сто ракети врз објекти на сириските власти во реоните на Дамаск и Хомс, при што беше предизвикана само материјална штета, но не и човечки жртви.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
