Заев: Ниту во разговорите ниту во СМС пораките нема договарање на поткуп
На денешното двочасовно рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, без присуство на јавноста во Кривичниот суд беа преслушани сите разговори обезбедени со ПИ мерки и беа прочитани и СМС пораките.
По завршувањето на рочиштето Заев рече дека ниту во разговорите ниту пак во СМС пораките немало договарање на поткуп.
- Апсолутно нема ништо што е поврзано со обидите за да бидам осомничен како лице кое земало поткуп или правело напори да земе поткуп. Во сите овие разговори зборуваме со службеници од општина Струмица, како и со Иван Николов за да се забрзаат постапките, како течат постапките со сите процедури и конечната цел е да се заврши работата која што странката ја има пред општината, рече Заев.
Посочи дека знаел какви може да бидат разговорите и оти се е комплетно чисто.
- Комплетно е чисто. Јас и знаев какви може да бидат разговорите, заради тоа кога немате ништо ни помислено, не можат да бидат и други разговорите, додаде премиерот.
Прецизно во сите постапки и во сите телефонски разговори, како што рече, станува збор само за завршување на предметите.
- Доказ е дека одредени предмети веќе се завршени и во тој период никој не побарал ниту пари, ниту било што и тоа само по себе потврдува дека се работи за монтиран процес, истакна Заев
Адвокатите на Заев рекоа дека Апелацискиот суд се уште нема донесено одлука по жалбата на Обвинителството и не се знае дали јавноста ќе може да ја слуша и да ја види целосната снимка, чии делови веќе беа објавени на Јутуб и која е доказ во оваа постапка.
Следното рочиште за случајот „Поткуп“ е закажано за 30 април.
Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници