-->
-->
Човечкиот Кен сака да стане барбика: Потроши половина милион на операции, и сега сака да изгледа вака
-->

Човечкиот Кен опседнат е со пластични операции и на нив потрошил повеќе од половина милион евра. На почетокот на годината во една емисија се пофали дека си извадил ребра и ги донесе во студио.

Родриго Алвез (34) познат како Човечки Кен, најави уште минатата година дека ќе го смени полот и ќе стане жена, но се чини дека тоа го ставил на чекање. Сепак, на светот му го покажа своето алтер его кое се вика Џесика.

На фотографијата со која се претстави носи црна перика, цревен чипкаст градник кој го спарил со црвениот кармин.

Се уште не направил операции за промена на полот поради таткото милијардер. Имено, тој е бесен и му се заканил дека нема повеќе да го фиансира.
-Ако не престане да се облекува како жена, за мене повеќе не постои, рече таткото на Родриго, Росервал кој е сопственик на трговски ланец о Бразил.

Инаку, неговиот татко своевремено зборуваше дека се плаши за животот на својот син.
Смета дека претерал, со задоволувањето на секоја негова желба.
Човечкиот Кен е опседант со пластични операции, и на нив веќе потрошил половина милион долари.
-Неодамна имав детокс во Индија кој ми помогна привремено да ги изгубам килограмите. Изгледот ми е многу важен и се што ќе заштедам, вложувам во тоа, изјави Алвез кој инаку е стјуард.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
