Нарушувања на правата на мигрантите и бегалците, констатирал Хелсиншки

Неоправдано ограничување на слободата, мачење, понижувачки и деградирачки третман и неоправдано лишување од слобода, говор на омраза и дела од омраза кон мигрантите, се дел од нарушувањата на правата што ги констатира Хелсиншкиот комитет за човекови права во Извештајот за правата на мигрантите и барателите на азил во Македонија во текот на изминатата година.
- Бегалската криза е добра лекција дека некои територии од областа на почитувањето на правата што сме мислеле дека се освоени, не се, и оти се уште треба да се бориме за нив. Хуманоста што постои на хартија, не постои на дело. Минатата година се соочивме со валкана медиумска кампања, ксенофобија и омраза, рече претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.
Иако во Извештајот се потенцира дека интензитетот на мигрантската криза е намален во однос на 2016 година, од Комитетот посочуваат дека таа во никој случај не може да се смета за завршена, имајќи ја предвид ранливата состојба во која се наоѓаат, ризикот и опасноста по живот на мигрантите и бегалците кои се уште се во движење.
Во Македонија има околу 200 лица кои се во прифатните и транзитните центри, но според од Комитетот потенцираат дека поголеми можности за нарушување на правата постои за оние лица кои се двжат по нерегуларни патишта.
Затоа од Хелсиншкиот комитет даваат препораки како државата полесно да се справи со ова прашање и нејзиниот одговор да биде согласно меѓународните стандарди.
Елена Брмбеска од Хелсиншкиот комитет вели дека треба да престане праксата на групно депортирање на бегалци и мигранти, во најкус можен рок да се донесе националната стратегија за интеграција на мигранти и бегалци и закон за меѓународна и привремена заштита, како и да се воспостави систем на редовно, навремено и регуларно регистрирање.
Вели дека правото на аазил мора да се гарантира за сите лица кои се задржани на македонска територија, а полициското постапување да биде во согласност со меѓународните стандарди. Според ХК, потребна е и поголема заштита на малолетници без придружба, да се реализираат образовни активности во центрите, да не се практикува селективно пропуштање на мигрантите, како и да не им се ограничува слободата на движење.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
