Лајтнер: Ќе мора да изградиме „тврдина Европа“

Австриска министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер, при посетата на граничниот премин Шиплфелд, преку кој овие денови од Словенија доаѓаат илјадници бегалци секојдневно во Австрија, порача дека ако состојбата не се стави под контрола, ќе биде неопходно да се изгради „тврдина Европа“, јави Танјуг.
Според неа, ќе биде неопходно да се восппстават т.н. „жешки точки“ за регистрација на надворешните граници на ЕУ и да се договори распределба на бегалците.
- Без подобра заштита на надворешните граници на ЕУ не е можно, среднорочно, ситуацијата да се стави под контрола, рече министерката.
Австриската војска, поради растечкиот бран бегалци од Словенија, го зголеми бројот на свои припадници за сто војници, така што 600 војници ќе и помагаат на полицијата во надзорот и чувањето на државните граници.
Ново на Сител
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
