-->
-->
Продолжува судењето за нападот врз Села
-->
Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.На претходното рочиште на 18 април сведочеа Александар Стојкоски, поранешен пратеник, а сега доктор на Клиниката за радиологија во Скопје, и новинарот Горан Трпеновски. Рочиштето тогаш беше привремено прекинато откако му се слоши на Никола Војневски, еден од десетината обвинети во овој предмет.
За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ
-

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра, пазарот на недвижности во вториот квартал со вредност од 351,7 милиони евра
-

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август
-

Вандализам во Струшко: Искршени гробници и осквернавени вечните почивалишта на Македонци
-

Полициски службеници од Струга со раце и нозе тепале уапсено лице, иако било врзано со лисици
-

Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми
-

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври
-

Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилската треска
