Судењето за нападот врз Села ќе продолжи на годишнината од случувањата во Собранието

Видео снимки и фотографии од случувањата на 27 април, ќе се гледаат во Кривичниот суд в петок, точно една година по случувањата во Собранието на Република Македонија, за кога е закажано следното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села.
На денешното рочиште обвинителството побара повлекување на некои слики и снимки од листата на предложени докази поради нивно повторување по содржина со други докази и предложи интервали кои би се гледале, со цел економичност на судскиот процес. Во однос на повлекувањето, одбраната ќе може пред почетокот на следното рочиште да побара зголемување на интервалите или целосно пуштање на некои од снимките.
Претходно, адвокатот на Села кажа дека оштетениот Села се наоѓа во САД и целата медицинска документација ја имаат побрано за испитувањата кои треба да ги прави. - Рентген снимките се со него и тој не е во Македонија. Го известувам судот дека нема да може да ги врати до следното рочиште, кажа адвокатот.
Одбраната даде согласност со оглед дека нема дополнителна документација, медицинската документација да не се чита одделно и само да се заведе во записник.
Денешното рочиште во Кривичниот суд, почна два часа подоцна од закажаниот термин, поради неспроведувањето на обвинетиот Цејо Ѓеоргиевски од домашен притвор.
За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.
Ново на Сител
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
