Јункер: Во ниеден момент не помислив дека Грција ќе излезе од еврозоната

Грција е мојата втора татковина, воопшто не ни помислив дека земјата ќе излезе од еврозоната, рече претседателот на европската комисија, Жан Клод Јункер, на почетокот на средбата со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос.
- Грција не е за мене една неутрална земја, овде се роди самата идеја за демократијата. Овде се разви европската мисла. Според тоа, Грција повеќе од другите земји ја закова судбината на Европа. Затоа, во ниеден момент не помислив дека Грција ќе излезеше од еврозоната, истакна Јункер.
На почетокот од средбата Павлопулос - Јункер присуствуваше и комесарот за миграциска политика, Димитрис Аврамопулос
- Сакам да ве уверам дека мнозинството од грчкиот народ го поддржува текот на Грција во Европската унија и во јадрото на еврозоната и ги признава вашиот одлучувачки придонес и тоа во еден критичен момент, му рече Павлопулос на Јункер во кусиот дијалог пред медиумите.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на европската комисија, по средбата со Павлопулос, ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а потоа ќе има обраќање во грчкиот Парламент.
Се очекува економијата и излезот на Грција од програмата за финансиска поддршка, да бидат главните теми на средбите на Јункер, но разговорите со Ципрас, се очекува да ги опфатат сите актуелни прашања што ја засегаат Атина, а меѓу нив и преговорите за името.
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
