Дебата за лажните вести на Медиумската конференција за ЈИЕ во Струга

Годишната медиумска конференција за Југоисточна Европа што се одржува во Струга во организација на ОБСЕ, денеска продолжува со дебати за влијанието на дигитализацијата на слободата на изразување и медиумите во регионот, како и за проблемот со лажните вести, пропагандата и дезинформирањето.
На дводенвниот собир се распарав за медиумската слобода како основно човеково право и важен фактор за демократијата и проблемите со кои се соочуваат медиумите и новинарите во земјите од Југоисточна Европа, но и пошироко. Теми на конференцијата се и економската сигурност на новинарите, ниските примања, социјалната несигурност и работата без правни договори, како и за цензурата и самоцензурата.
Во текот на вчерашниот ден на конференцијата се обрати и министерот без ресор одговорен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски кој истакна дека слободата на изразувањето, вклучувајќи ја тука и слободата на медиумите како четврта власт во секое демократско општество, се едно од универзалните човекови права и оти како такви признати со соодветни документи на највисоките меѓународни организации.
Потсетувајќи дека слободата на медиумите и слободното делување на новинарите беа еден од петте столбови за итни реформи предложени од Експертската група на Рајнхард Прибе, министерот Поповски ја нагласи подготвеноста на Владата за спроведување на тие реформи и за подобрување на условите за работа на медиумите.
Харлем Дезир, претставникот за Канцеларијата за слобода на медиумите при ОБСЕ која е организатор на конференцијата, истакна дека легислативата што ја уредува работата на медиумите во ЈИЕ генерално е фер, но она што е недостасува е нејзино спроведување во пракса.
Медиумите, посочи, по природа се критичари на власта, на центрите на економската моќ, тие се тука да се грижат оние кои се на власт да работат одговорно и отчетно пред граѓаните, да придонесат кон слобода на говорот што ќе доведе до вистински отворена дискусија во општеството за различните гледишта и опции за иднината на земјата.
На конференцијата во Струга учествуваат новинари, претставници на граѓански организации, на академската задница од државите во регионот.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
