-->
-->
Милена Арсовска: Уживав на сцената на Националниот театар во Прага
-->

Улогата на „Славеј" во ова совршено дело на Стравински е различна од сите досегашни улоги кои ги имам пеено, не само од музичка гледна точка туку и како карактер, вели македонската сопранистка Милена Арсовска, која во петокот дебитираше на сцената на Националниот татар во Прага.
Арсовска која настапува во главната улога на операта “Славеј" на рускиот композитор Игор Стравински, за МИА изјави дека со нетрпение ја очекувала премиерата во престижната оперска куќа и навистина уживала во секоја минута помината на сцената во историската зграда на Театарот.
- Славејот во нашата продукција е симбол за живот, среќа, слобода и е полн со радост и позитивна енергија, рече Арсовска за ликот кој таа го претставува во операта.
Таа ја чувствува перфектната мелодија на птицата славеј, полна со виртуозност, која претставена во тело на жена, со својата песна внесува живот во мртвите души во кралството на кинескиот император.
„Славејот" на Стравински во Чешка досега е изведен само на два концерти во 2010 година.
Либретото на операта во три чина, Стрвински го напишал во 1914 година заедно со својот пријател Стјепан Митусов, по истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен.
Македонската сопранистка Милена Арсовска како слободен уметник повеќе од шест години живее во Виена каде има завршено магистерски студии по оперско пеење.
Покрај во Македонија и Австрија, има настапувано и во Шпанија, Италија, Германија, Швајцарија, Шведска, Холандија, Малта, Франција, Јапонија и САД. Следните настапи на Арсовска во оваа претстава се на 20 ноември, 27 февруари и 22 април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
-

Медиуми: Трамп нарачува план за инвазија на Гренланд, воените претставници се спротивставуваат
-

ЦУК: Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава
-

ДИК: Излезност од 18,18 отсто до 15 часот на повторените избори во четири општини
-

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг
-

До 13 часот излезеноста 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
-

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт
